Thursday, February 15, 2007

Vancouver преку факти, Episode 1

Отворајќи го blog-ов знаев дека си преземам одговорност да чкртнам по некој лаф и за новата ми дома, па еве да почнам полека со серија (се надевам) интересни податоци од West Coast-ов:

  1. Во Vancouver во ист ден можи да оговарате некого со друштво на кафе од сабајле ... па да попланинарите малку пред ручек и после надокнадување на изгубената килажа со убав ручек ... пропратен со панорамско разгледување на градо од 1000 м и згора надморска висина ... да се спуштите со жичара и да се префрлите на мачкање со крема за сончање на плажа ... се до зајдисонце кога следат разно-разни опции за забава во ноќните саати ... ова, of course, подразбира дека имате чичко шо црнчи за вас во некоја фабрика на General Motors во Америка и мисли дека вие студирате на Univeristy of British Columbia ... а и дека гореопишаното сценарио се одвива негде меѓу јуни и јули ... тешко дека кремата за сонце ќе ви треба на дождот во декември на пример ;-)
  2. За оние закоравени скептици кои шо одма ќе реагираат со коментари "ама во Vancouver нема сирење ко нашето, нема бурек, нема баклава, нема ајвар, нема шопска и најважно од се нема десетка со кромид кај Злате" одма да ве утешам дека од се ова, досега сум заглавил во безуспешни обиди да најдам добра палачинка ко во Палма ... а кој сака десетки, а богами и цели прасенца за Нова Година ... место Злате тука е газда Перо ;-)
  3. Кога сме кај скарата ... ако сте мислеле дека само македонците (или балканците генерално) сакаат скара грешка сте! ... Во Vancouver е на пример невозможно да си ги сушите гаштите "на штипки" оти е "against the rules" во најголем број згради ... ама затоо нема проблем да се испрчите со едно скариче високо до папок, и со површина доволна за пола прасенце на балкон ... резултатот, индустриите за машини за сушење алишта и праење скари цутат ... а богами и разно-разни пара-индустрии кои место "youth formula" нудат X, Y и Z рецепти за слабеење го берат кајмако ... да биди трагедијата уште поголема ... во добар дел од паркојте не смејте кучето да го шетате без ремен ... ама пак скара можи ;-) ... а ние македонците? ... па ние се прилагодваме на новата средина ... не дека тешко ни паѓа секое групирање да го славиме ко да е 1-ви мај ;-)

No comments: