Friday, March 2, 2007

Зошо многу добар customer service и не е така добар B-)

Веќе некое време сакам да ви кажам за една случка ... само нешо не ми се наоѓаше време ... ама пошо на овој континент решија летното сметање на времето да почни од нареднио викенд ... реков дај да побрзам оти после ќе треба да му ја мислам уште и на 1 саат изгубен во поместување на времето ;-)

Значи приказната почнува со тоо шо еден убав петок пред некои две недели јас се шеткарав со Жане и Анастасиа низ најголемио трговски во British Columbia ... Metrotown ... и се сетив дека наочарите шо си ги купив летоски ... btw, прајме муабет за latest technology тука од типо anti-scratch, anti-reflection, anti-balding ... ок, забегав малку :-) ... али битно е она anti-scratch ... за оние кои мислат дека scratch се преведва како ''чеша" да појаснам дека во случајов не е така ами значи дека ако ги користите наочарите место брусилица немаат гајле ;-) ... значи шо сакав да кажам ... овај, да, сакав да кажа дека наочарите почнаа да ми се "скречоваат" а ниеднаш не сум ги употребил како шмиргла или недај боже сум изигравал DJ со нив ... и така решив јас да ја посетам оптиката од кај шо ги купив ... и по македонски да си олеснам душа на тетките таму ... па да спијам вечерта убоо ;-)

Е арно ама ... се погоди батето шо е газда таму ... па вика дај да видам ово оно ... и јас си викам ќе почни да ми кажва како тој не можи да знај дали јас место со еленска кожа сум ги чистел со четката за пајнци или сл. ... среќа тука нешо Жането почна да ме гази онака класично како секоја добра жена шо знај како да си го контролира мажо :-) ... и дури да отворам јас уста батето вика нема проблем ќе ти ги замениме free of charge ... ?!?!? стојам јас онемен ... ?!?!?! ... туу си викам ... баш бев спремен да скинам малку стрес тука и типо ме зезна :-(

Нејсе после првичната збунка јас се соземам малку ... и му викам Thank you very much на батето ... ќе поминам јас од понеделник ко ќе имам време оти требаше да ги остам таму преку викенд ... чунки ми требаа во моменто некако да си одам дома, нали ;-) ... и така си рековме bye, bye и тоо

И така врви викендо и си седам јас дома во понеделнико вечерта ... малку саклдисан оти ми ја скинаа бесплатната кабловска после 9 месеци шлепање па морав да одлучам дали сакам пак кабловска наново или некое друго решение ... кога накај деветте саато ѕвони телефоно ... ало ало вика тетката од другата страна на тељо ... да дојш утре тука ти се стаклата за наочарите вика да ти ги смениме ... ?!?!?!? ... стојам јас така подзинат синкир ќе ја лапнам слушалката ... ШО? ... ај ако сакаш повтори не разбрав? ... не сум порачал нишо такво ... а во глава си викам да не е некој шема да ми ги земат парите ... и полека тетката ми објаснува за прошлио петок и тн. и тн. и јас контам шо се случило иако уште малку ми е матно како е можно некој да е толку агилен да ми напрај услуга за без пари ... уште згора на се без јас да го побарам тоо и уште да притискам неколку пати озгора ... значи државава е бог да чува ... да не можи чоек нигде да си најди одишка и да му се истури на некого да си го олесни стресо ... затоо луѓето овде одат на психијатар толку многу ;-)

И така си појдов јас невесел другио ден оти не испадна никаква акција од целата работа ... ми ги сменија стаклата дури пробвав јас да најдам друга жртва во соседната фризерница ама нишо не испадна ни таму ... па на крајо закључив само дека ќе морам да се помирам со факто дека ќе биди тешко да најдам нељубезни продавачи или сл. ... по се изгледа ќе морам да чекам кога ќе дојдам следно во МК па ќе имам доста шанси уше од одма на Петровец веројатно ;-)