Monday, July 23, 2007

Пијалок на нашата младост ;-)

Ех ... ви навираат солзи на очите од носталгија, а? ... знам, јас морав да го пресликувам постеров 10 пати оти ми се тресеа рацете од шо бев растревожен ;-)

Friday, July 13, 2007

Нека биде светлина ;-)

Конечно се најде некој паметен да состави видео со кое ќе можам на мајка ми да и се пофалам кај работам :-D

http://resources.businessobjects.com/video/brand/let_there_be_light.wmv

Wednesday, May 9, 2007

Encyclopedia od Life

Немам коментар ... идејава е страшно cool ;-) ... Кликнете на сликава и ќе ви стани јасно се :-)

Friday, May 4, 2007

По улиците на Bangalore

Заврши мојата повторна посета на Bangalore, па дури убивам време чекајќи да добијам крилја и накај дома да си летнам ... ми дојде да речам на југ, ама ќе да ќе е на север ;-) ... па еве да post-нам некоја слика ... не замерајте шо се заматени ... стаклото на таксито беше со поприлично прашина ... ваљда дел од искуството во Bangalore ;-) ... уживајте во глетките а јас си бегам дома :-)

Tuesday, May 1, 2007

Singapore од балон

Како шо обеќав во претходнио post еве малку инфо ... а поќе слики ;-) ... за Singapore.

Btw, за оние шо не знаат, Singapore е 17-та најбогата држава во свето и важи за најдобро место за живеење во Азија а во 2005-та рангираше на 11-то место во свето ... тука да се пофалам дека Vancouver ранкира на прво неколку години уназад ;-) ... а кој не знај кај е всушност Singapore еве една мапа за помош :-)



Шо да ви кажам за Singapore ... мене многу пријатно ме изненади шо почувствував поголемо европско одшо америчко влијание ... ова за мене значеше Milka чоколади ;-) ... заебанција настрана, градо е страшно модерен, страшно убав и претставува фина мешавина на сите нации и култури шо постојат во свето ... ок, најмногу има кинези и Индијци ама така е и во Vancouver сега да не се вреѓаме :-) ... а богами го одсликува и соодносо во свето.

Во ствари место јас да трошам зборој, еве ви некоја слика.

Првава серија би ја нарекол "по улиците на Singapore":



Следнава серија е "Singapore од балон" ... налетав на интересна туристичка атракција па ми се пружи можност за aerial фотки ... таман одма да ја пробам новата камера шо си ја купив од ... погаѓате? ... секако од Singapore ;-)




Е па кој се мисли за каде да оди на одмор, меден месец или сл. и не му смета долгио лет ... а се разбира и сумата потребна за такво нешо :-O ... јас можам да ви даам совет дека нема да згрешите ... дури и јас сум на мисла за еден одмор со девојчињата ми ама би накај јануари/февруари кога нема да биди толку спарно ... ах, да, ќе забораев ... верувале или не со МК пасош се влегва без виза ;-)

До скоро post-ување еве ви една слика од Bangalore колку за контраст со Singapore :-D

Sunday, April 29, 2007

Сладолед на 10km надморска висина ;-)

Знам дека ме немаше подолго време со нов post ... се надевам никој не се загрижи во меѓувреме ;-) ... ама еве конечно најдов малку време ... ок, за воља на вистината се најдов во ситуација кај шо треба да тепам време оти сум на аеродром во Singapore чекајќи да почни boarding за следната дестинација ... повторно Индија ;-) ... да, и мене не ми се верва дека толку набрзо ќе одам ама тоо е долга приказна :-) ... значи да се вратам на муабето ... најдов малку време да ви пишам за искуството по пат накај Singapore ... ок, ќе пишам и за искуството во Singapore некоја вечер од Bangalore оти сега немам можност да ги префрлам сликите од камерата а за Singapore не се пиши без слики :-) ... јас пак со дигресија али ваљда нема да ми замерите :-) ... значи шо сакав да кажам ... ах, да, сакав да ви пишам за најпријатното искуство со авион шо досега сум го имал

Сум летал со многу различни компании, ама вервајте ми дека како Singapore Airlines не сум начекал досега ... па слегов 3 кила потежок во Singapore од шо полетав од Vancouver ... уше не ми се верва колку многу храна и пиење се подели во авионо ... од јадења шо не изгледаат како да се спремани во McDonalds ... од разно-разни пива, вина и жестоки пијалоци ... од овошје и разни грицки-мицки ... па дури и до сладолед во корнет ;-) ... а да не прајме муабет дека дури и во економска класа имаше video on demand, TV on demand, игри и сл. ... многу летаа поминаа од кога последно играв Mario Bros. на Nintendo и сега играв на 10km висина ;-)

Friday, March 2, 2007

Зошо многу добар customer service и не е така добар B-)

Веќе некое време сакам да ви кажам за една случка ... само нешо не ми се наоѓаше време ... ама пошо на овој континент решија летното сметање на времето да почни од нареднио викенд ... реков дај да побрзам оти после ќе треба да му ја мислам уште и на 1 саат изгубен во поместување на времето ;-)

Значи приказната почнува со тоо шо еден убав петок пред некои две недели јас се шеткарав со Жане и Анастасиа низ најголемио трговски во British Columbia ... Metrotown ... и се сетив дека наочарите шо си ги купив летоски ... btw, прајме муабет за latest technology тука од типо anti-scratch, anti-reflection, anti-balding ... ок, забегав малку :-) ... али битно е она anti-scratch ... за оние кои мислат дека scratch се преведва како ''чеша" да појаснам дека во случајов не е така ами значи дека ако ги користите наочарите место брусилица немаат гајле ;-) ... значи шо сакав да кажам ... овај, да, сакав да кажа дека наочарите почнаа да ми се "скречоваат" а ниеднаш не сум ги употребил како шмиргла или недај боже сум изигравал DJ со нив ... и така решив јас да ја посетам оптиката од кај шо ги купив ... и по македонски да си олеснам душа на тетките таму ... па да спијам вечерта убоо ;-)

Е арно ама ... се погоди батето шо е газда таму ... па вика дај да видам ово оно ... и јас си викам ќе почни да ми кажва како тој не можи да знај дали јас место со еленска кожа сум ги чистел со четката за пајнци или сл. ... среќа тука нешо Жането почна да ме гази онака класично како секоја добра жена шо знај како да си го контролира мажо :-) ... и дури да отворам јас уста батето вика нема проблем ќе ти ги замениме free of charge ... ?!?!? стојам јас онемен ... ?!?!?! ... туу си викам ... баш бев спремен да скинам малку стрес тука и типо ме зезна :-(

Нејсе после првичната збунка јас се соземам малку ... и му викам Thank you very much на батето ... ќе поминам јас од понеделник ко ќе имам време оти требаше да ги остам таму преку викенд ... чунки ми требаа во моменто некако да си одам дома, нали ;-) ... и така си рековме bye, bye и тоо

И така врви викендо и си седам јас дома во понеделнико вечерта ... малку саклдисан оти ми ја скинаа бесплатната кабловска после 9 месеци шлепање па морав да одлучам дали сакам пак кабловска наново или некое друго решение ... кога накај деветте саато ѕвони телефоно ... ало ало вика тетката од другата страна на тељо ... да дојш утре тука ти се стаклата за наочарите вика да ти ги смениме ... ?!?!?!? ... стојам јас така подзинат синкир ќе ја лапнам слушалката ... ШО? ... ај ако сакаш повтори не разбрав? ... не сум порачал нишо такво ... а во глава си викам да не е некој шема да ми ги земат парите ... и полека тетката ми објаснува за прошлио петок и тн. и тн. и јас контам шо се случило иако уште малку ми е матно како е можно некој да е толку агилен да ми напрај услуга за без пари ... уште згора на се без јас да го побарам тоо и уште да притискам неколку пати озгора ... значи државава е бог да чува ... да не можи чоек нигде да си најди одишка и да му се истури на некого да си го олесни стресо ... затоо луѓето овде одат на психијатар толку многу ;-)

И така си појдов јас невесел другио ден оти не испадна никаква акција од целата работа ... ми ги сменија стаклата дури пробвав јас да најдам друга жртва во соседната фризерница ама нишо не испадна ни таму ... па на крајо закључив само дека ќе морам да се помирам со факто дека ќе биди тешко да најдам нељубезни продавачи или сл. ... по се изгледа ќе морам да чекам кога ќе дојдам следно во МК па ќе имам доста шанси уше од одма на Петровец веројатно ;-)