Saturday, February 17, 2007

Јавно извинување

Би сакал јавно да му се извинам на мојот драг пријател Мики Милошевски за користењето на неговите слики меѓу сликите кои ги објавив за да ја доловам атмосферата во Vancouver. Мики денес професионално се занимава со фотографија и иако сликите се сликани во 2004-та, немав право да ги објавувам, бидејќи не ги добив од него или со дозвола од него. Точно е дека имам добиено слики од повеќе луѓе и не знам кои слики ги сликал Мики а кои не, сепак немав право да ги објавувам без да побарам дозвола од него, без разлика шо мојов blog е отворен чисто за забава и немам намера да промовирам слики како мои или нешо слично. Секако, доколку некој сака да објавува слики или било шо од интерес за поширока публика, јас сум отворен и радо би помогнал во секој поглед ... на крајо на краиштата дај боже blog-ов да добие таква популарност ;-)

Се надевам за брзо да пуштам нов post со нови слики од Vancouver ... stay tuned :-)

No comments: